По читањето на овој текст, веруваме дека ќе бидете во големо искушение да се решите за овој зафат.До сега бевме навикнати на вбризгувањето ботокс за намалување на брчките и за подобрување на изгледот генерално. Но, француските експерти открија дека оваа хемиска супстанца може да го подобри нашиот сексуален живот.
Имено, ботоксот ги прави жените поотпорни на болка и ја намалува. Периферно-васкуларните болести се многу чести и погодуваат речиси шест миилони жени во светот. А овде се работи токму за силна болка во вагината до која доаѓа за време на секс, ставање тампони, па дури и до нежно допирање на вагината до облеката, и се манифестира со пецкање и притискање што е многу непријатно.
При оваа болест вообичаено се препишуваат лекови како антидепресивите, но и различни био-тренинзи и физикални терапии. Кај некои жени со сериозни случаи на оваа болест доаѓа и до потреба од операција.
Заради тоа, француските лекари открија дека вбризгувањето на ботокс може го реши проблемот со периферно-васкуларните болести. На овие пациентки им се вбризгува инјекција со ботокс, откако неколку месеци пред интервенцијата се мери нивниот праг на толеранција на болка.
Резултатите покажале дека кај речиси 40 отсто од жените дошло до значително подобрување околу две години по третманот. Научниците објаснуваат: До подобрување доаѓа бидејќи ботоксот ја блокира нервната кондукција, а кај некои жени го намалува и грчењето на мускулите во овој дел. Исто така, експертите додаваат дека овој вид на третман не може да и помогне баш на секоја жена, бидејќи се е индивидуално и зависи од телото на секоја жена.До сега бевме навикнати на вбризгувањето ботокс за намалување на брчките и за подобрување на изгледот генерално. Но, француските експерти открија д