Дали сте знаеле дека бојата на облеката која ја носите открива многу повеќе отколку што сакате?

Боите и модните додатоци кои ги носиме испраќаат порака за нашиот карактер, расположение и однесување, а во продолжение погледнете каква порака испраќаат најчестите бои кои се дел од вашиот ормар. Црна
Доколку често носите црна облека, вие сакате да оставите впечаток на тешко достапна личност. Неретко оваа боја на облека ја носат и личности кои нешто кријат и кои се чувствуваат многу осамено. Со тоа, црната не е само боја која ги прекрива вишокот килограми, туку крие и нешта во вашето срце кои не сакате да ги покажете на другите.
Црвена
Лицата кои често носат црвени парчиња облека сакаат да му покажат на светот дека блескаат со самодоверба. Тие се страствени и даваат до знаење дека нема да дозволат некој или нешто да им застане на патот.
Зелена
Зелената боја, посебно темните нијанси, оставаат впечаток на моќ и богатство. Стилистите велат дека многу луѓе ја одбегнуваат оваа боја, бидејќи за истата е потребен став и самодоверба.
Розова
Розовата боја на облека ја носат личности кои се отворени кон сите и многу нежни. Исто така, розовата боја ја избираат оние кои сакаат луѓето да им приоѓаат.
 
Сина
 
Облеката во сини тонови ја носат личности кои се нарекуваат “бенседин”. Ваквите луѓе се обично многу мирни и смирени и секогаш се обидуваат да ги смират сите луѓе околу нив кои имаат “краток фитиљ”.
 
 Црна
Доколку често носите црна облека, вие сакате да оставите впечаток на тешко достапна личност. Неретко оваа боја на облека ја носат и ли

Пронајдете не на следниве мрежи: