Дали сте знаеле дека цел живот погрешно ја користите пастата за заби?

Колку пати сте гледале реклама на која некоја насмеана личност цеди два сантиметри паста за заби низ целата четкичка? Е, тоа не треба така да се прави!Благодарение на погрешната слика која ја добиваме од медиумите, повеќето од луѓето претеруваат со количината на пастата која ја користат, манекени од рекламите тврдат едно, додека на кутијата од производот пишува нешто сосема друго. Но, кој од нас воопшто го чита напишанотo…
Премногу паста не само што не е потребно, туку може и да ви наштети. Претерување со хемикалиите во пастите, може да го оштети забниот емајл, што доведува до осетливост на забите. Колку и да е важен за забите флуоридот, ни со овој елемент не треба да се претерува, бидејќи во преголеми дози може да биде отровен, дури и смртоносен.

 

 
Затоа, стоматолозите не предупредуваат дека за квалитетно миење на забите, важна е самата четкичка и детално четкање, додека количината на пастата не треба да биде поголема од едно зрно грашок. За деца помлади од 5-6 години, покрај тоа што се препорачуваат специјализирани пасти, советуваат минимална количина на паста. Бидејќи е важно малите деца од мали нозе да стекнат, навика за редовно миење на забите, а не да се трујат со паста.
Многу е важно забите темелно да се четкаат два пати дневно, но немојте да наседнувате нарекламите за блескава насмевка. Секогаш внимателно читајте ги упатствата за употреба на пастата за заби, дири и ако истата е напиашана на внатрешноста од кутијата.
Заклучок дека ако користите помала количина на паста, таа подолго ќе ви трае, а тоа секако ќе биде многу добро за вашиот куќен буџет.  Благодарение на погрешната слика која ја добиваме од медиумите, повеќето од луѓето претеруваат со количината на пастата која ја користат, манекени

Пронајдете не на следниве мрежи: