Можеби звучи неверојатно, но сепак постојат одредени намирници кои можете да ги консумирате во огромни количини, а сепак да ја задржите оптималната тежина. Целер
Целерот содржи дури 95% вода, но тоа секако не значи дека не ги содржи неопходните хранливи материи. Целерот е богат со калиум и влакна и содржи 30% од препорачаниот дневен внес на витаминот К. Едно стебло целер содржи само шест калории.
Боровница
Боровницата е овошје кое содржи најголем процент на антиоксиданси. Една шолја боровница задоволува 14% од дневниот внес на витамини и минерали, и содржи само 85 калории.
Краставица
Краставицата има голем процент на вода, а истата содржи само 16 калории. Семките од краставицата содржат посебен облик на витамин А, познат како бета-каротен, кој е важен за здравјето на очите и кожата.
Домат
Еден домат со средна големина содржи само 25 калории. Тој е богат со витамините А, Ц, Б2, како и калиум и влакна.
Грејпфрут
Студиите покажуваат дека внесот на грејпфрут во исхраната може да помогне при регулирање на тежината, поради што се смета за диетална намирница. Во една половина од ова овошје има околу 50 калории.
Целер
Целерот содржи дури 95% вода, но тоа секако не значи дека не ги содржи неопходните хранливи материи.