Дали сте знаеле? – Мозокот носи одлуки додека спиеме

Француски научници со едно ново истражување покажале дека човечкиот мозок во текот на сонот, работи многу повеќе отколку што досега се мислело.Студијата укажува дека можеме да ги препознаеме и категоризираме зборовите додека спиеме. Научниците успеале да докажат дека мозокот во текот на сонот е многу поактивек отколку што се сметало.
– Докажавме дека мозокот додека спиеме е многу поактивен отколку што се верувало, вели коавторката на студијата и конгнитивен невронаучник од Париз Сид Кудер, пишува „Хафингтон пост“.
– Далеку сме од паѓање во чистилиштето кога ќе заспиеме, бидејќи делови на нашиот мозок рутински процесуираат што се случува околу нас и реагираат на важни работи, појаснува Кудерова.
Во својата студија истражувачите користеле електроенцефалограм (ЕЕГ) за да ја снимат активноста на мозокот на 18 мажи и жени, кои довршувале задача на класификација на зборови. Задачата подразбирала слушање на изговорени зборови, а потоа притискање на копче со користење на десна или лева рака – животно (десна рака), објект (лева рака).
Истражувачите потоа го ставиле секој од испитаниците во мрачна соба за да го завршат тестот кога ќе паднат во сон, а потоа ги снимиле нивните активности на мозокот. Исто како кога биле будни, луѓето ги класифицирале точно зборовите и додека спиеле. Иста активност на мозокот се случувала и во будна состојба, иако раката физички не е поместена во сон. Единствена разлика била во тоа што додека спиеле им било потребно два до три пати подолго време за да одлучат во која категорија спаѓа зборот додека спиеле.
– Покажавме дека додека спиеме можеме да правиме речиси се – од носење одлуки до подготовка на реакции, наведува Кудер. Студијата укажува дека можеме да ги препознаеме и категоризираме зборовите додека спиеме. Научниците успеале да докажат дека мозокот во текот на со

Пронајдете не на следниве мрежи: