Ќе остане ли академикот Таки Фити на чело на МАНУ или ќе си поднесе оставка до расчистувањето на мега скандалот на Економскиот факултет во кој според информациите објавени во медиумите и самиот е вмешан?Ова е едно од клучните прашања по спроведувањето на акцијата Ерзамус во која 6 професори, еден асистент и сопственикот на студентското бифе се сомничат за серија коруптивни активности меѓу кои давање и примање поткуп, незаконско посредување и злоупотреба на службената положба.
Неофицијално, извори откриваат дека академикот Фити ги пречекорил границите на своите службени овластувања како професор на Економскиот факултет кога по барање и влијание на друг професор извршил службено дејствие кое не смеел да го изврши, спротивно на Правилникот за условите критериумите и правилата за запишување и студирање на прв и втор циклус универзитетски студии од септември 2013 година на Универзитетскиот сенат на Универзитетот на Св. Кирил и Методиј на начин што во индексот на студент по предметот „Основи на економија“ му напишал оценка 6 со која го положил испитот иако на денот на полагање, воопшто не го прикажал потребното знаење.Ова е едно од клучните прашања по спроведувањето на акцијата Ерзамус во која 6 професори, еден асистент и сопственикот на студентското бифе се сомн