Дали технологијата ви го уништува љубовниот живот?

Една од причините зошто купуваме секакви „гаџети“ е и останувањето во контакт со саканите, пријателите и семејството. Но, зошто тогаш, во овие hi-tech времиња, многу од нас се чувствуваат одвоено од своите поубави половини?Одговорот може да лежи и во нашите спални соби. Што е првата работа што ја правите наутро: Ја бакнувате саканата личност или ги фаќате смартфоните?
„Но, смартфонот го користам како будилник“, сигурно веднаш во главата ви се создаде оправдувањето. Тоа е во ред, но земањето на телефонот веднаш штом ги отворите очите значи и искушение: кога веќе телефонот ви е во рак, зошто да не ги проверите мејловите, Фејсбук статусот или да ја проверите временската прогноза? И тоа е тоа, не ни трепнавте, а веќе доцните на работа и имате време само низ вратата да го поздравите сопругот пред да избрзате. Толку од галењето пред доручек…
Некои експерти велат дека креветот треба да се користи само за секс и спиење, но многу од нас инсистираат во кревет да дојде и третиот партнер: лаптопот, телефонот или таблетот, а заради таквите дистракции вашиот љубовен живот може да замре.
Да го земеме за пример телевизорот. Ако мислите дека е добра идеја да имате навика да гледате телевизија додека сте во кревет, размислете малку подобро. Едно италијанско истражување открило дека паровите кои имаат телевизор во спалната соба водат љубов половина пати од паровите кои го немаат.
Многу од паровите имаат потешкотии да го пронајдат „вистинското“ време за секс, а приликата уште потешко се појавува ако мажот е залепен за екранот, а вие чепкате по својата страница на Фејсбук. Истражувањата покажаа дека четвртина од луѓето праќаат СМС пораки пред спиење, а над третина признаваат дека го носат лаптопот во креветот. Не морате да бидете гениј за да заклучите дека колку повеќе зјапате во екранот, толку помалку имате време за водење љубов. Можеби сите тие направи се корисни ако намерно ги избегнувате интимните моменти со партнерот, но сепак и не е многу зрело да бегате од проблемите криејќи се зад технологијата.
И како да се врати онаа интима кога веќе сте навикнале целото слободно време да го поминувате пред телевизорот или пред компјутерот? Еден таков начин е да се воведе правилото: „забранети гаџети по 22 часот“. Едноставно исклучете ги сите нив и разговарајте со својот партнер, или „типкајте“ по него. Ако навистина повеќе сакате да бидете онлајн отколку да разговарате со партнерот, најдете друг или побарајте стручна помош. Но, кога единствено нешто што ви останува за галење во креветот е лаптопот, ќе се чувствувате многу осамено.
Дали сте знаеле: една анкета извршена во Америка покажала дека 12% од мајките го користат мобилниот телефон за време на сексот!Одговорот може да лежи и во нашите спални соби. Што е првата работа што ја правите наутро: Ја бакнувате саканата личност или ги фаќате смартфоните?

Пронајдете не на следниве мрежи: