Тајниот додворувач на убиената пејачка Јелена Крсмановиќ неодамна е приведен на сосолушување во белградската полиција каде паднал на полиграф! Полицијата го открила мажот кој ѝ се додворувал на пејачката Јелена Крсмановиќ неколку месеци пред таа свирепо да биде убиена.„На полиграф не помина на неколку прашања кои се однесуваат на неговиот одонос кон покојната Јелена, но за сега нема индиции дека тој го извршил убиството“, вели извор упатен во истрагата.
Таинствениот додворувач, сопственик на еден неодамна отворен хотел, важи за личност склона на конфликти и постојано е опкружен со сомнителни набилдани момци, а со Јелена го запознала неговата келнерка.
„Тој бил во емотивна врска со келнерката и преку нејзе ја запознал Јелена. Набрзо почнал да ѝ се додворува на Јелена, но таа потојано го одбивала. Полицијата сега се обидува да дознае што се случувало, поготово бидејќи постојат сознанија дка тајниот додворувач бил лут поради тоа што Јелена не го прифатила неговото додворување, ѝ се одмаздил на својата келнерка. Што се случувало помеѓу нив е прашање на истрагата, но во еден момент момците од околината на тајниот додворувач насилно ја ставиле келнерката во багажник од автомобил и ја одвеле на тајна локација, каде ѝ се заканувале, дури и ја повредиле“, вели изворот.„На полиграф не помина на неколку прашања кои се однесуваат на неговиот одонос кон покојната Јелена, но за сега нема индици