Дали треба да ги вежбате стомачните мускули секој ден?

Сите сакаме „коцкички“ на стомакот, но дали навистина треба да ги вежбаме овие мускули секој ден за таа цел? Разумот ни вели дека колку повеќе вежбаме, толку е покорисно. Но, иако нема штета да го вежбате стомакот секој ден, постојат и мислења кои го тврдат спротивното.-Нема потреба да правите толку многу вежби за стомакот: Голема заблуда е дека мора да вежбате само стомачни вежби за да го добиете убавиот и секси стомак. Можете да имате импресивен стомак фокусирајќи се и на други вежби, како склековите или хипер екстензиите кои се добри и за одржување на балансот.
-Честото вежбање на стомачните мускули може да предизвика проблеми со исправеноста: Исто како што од седење голем дел во денот може да доведе до свиткана положба на рамениците, така и правеќето стомачни носи ризик од држење на телото во свиткана положба.
-Стомачните вежби не помагаат во отстранувањето на вишокот килограми во пределот на стомакот: Ова е најчестиот мит во фитнес индустријата. Иако ремените и справите за вежбање на стомачните мускули во рекламите го набројуваат и намалувањето на маснотиите во овој дел, сепак стомачните немаат никаква врска со него. Ако имате вишок на килограми во стомакот, се препорачува да го поминете времето внимателно подготвувајќи ги оброците, наместо со правење на стомачни вежби.

-Вежбањето на стомакот секој ден е неефикасно: Да речеме дека поминувате 10 до 20 минути секој ден правејќи вежби за стомакот. Тоа време би било многу поефективно потрошено ако трчате, се истегнувате или правите уште еден куп други фитнес активности што многу повеќе ќе му користат на телото и ќе направат да се чувствувате подобро. Стомачните мускули се навистина комплексно вмрежена група на мускули и поминувањето цел час неделно во нивно вежбање не е продуктивно. Наместо тоа, подобро е да правите поинтензивни вежби за стомачните мускули два до три пати во неделата. Токму заради фактот дека стомачните мускули се составени од резистентни влакна од типот 1, и можат да „примат ќотек“ без да потечат, тие подобро функционираат со поретко тренирање. Слични мускули со влакна од типот 1 се листовите, а секако дека не гледате често луѓе во теретаните што ги тренираат само овие мускули.
-Вежбањето на стомачните мускули секој ден може да доведе до мускулни неправилности: Освен проблеми со држењето, познат е и проблемот со дисбалансот на мускулите. Вежбањето на стомачните мускули седум дена во неделата не гарантира стабилност во овој дел, бидејќи може да ги оптерети околните мускули и да бидете поподложни на повреди.
Заклучок: иако стомачните мускули важат за меѓународен фитнес показател, постојат многу поефективни начини да ја истренирате оваа група на мускули отколку да се мачите правејќи куп стомачни вежби секој ден.-Нема потреба да правите толку многу вежби за стомакот: Голема заблуда е дека мора да вежбате само стомачни вежби за да го добиете

Пронајдете не на следниве мрежи: