Дали треба да имате секс на плажа?

Во филмовите секс-сцените на плажа изгледаат навистина примамливо и возбудливо, но не е се’ баш така како што изгледа.Песочната плажа е супер кога станува збор за сончање, но секс на песок е сосема друга работа. Замислете го само тоа чувство додека се обидувате да им се препуштите на страстите, како песокот ве боцка, пецка и ви влегува во очи, уста, коса, нос…
Сексот на плажа, додека брановите ве заплискуваат може да биде навистина романтично, а потоа морето на вас да ви фрли и по некоја алга, тревка, морска трева, краставица, хартија или пак “медуза” – тоа навистина може да го уништи амбиентот.
Ако пак не ви сметаат овие работи, тогаш имајте на ум дека солената вода не е баш добра за вашите гениталии. Со оглед на тоа дека морската вода ја суши кожата, помислете како тоа ќе делува на интимните делови?

 
Ќе ви се измијат “природните лубриканти” кои телото ги лачи за време на сексуалниот чин и тоа нема да биде баш, пријатно искуство.
Проблем со кондомите! Доколку сакате сигурен секс, немојте да имате секс во вода бидејќи може да се случи кондомот да испадне и да отплива. Секако, имајте на ум дека плажата, иако звучи примамливо, не е баш најидеалното место за секс – самата плажа содржи многу различни бацили, микроби, бактерии…
Ако и после сето ова пак сакате барем еднаш да доживеете такво искуство барем заборавете на експериментирање со нови, комплицирани пози. Освен доколку се разбира сте толку среќни да имате нешто, билошто за да се фатите за него, тогаш ви преостануваат оние “класичните пози”. Ви препорачуваме и да си земете пешкир или нешто на кое би можеле да легнете.
Извор: GQПесочната плажа е супер кога станува збор за сончање, но секс на песок е сосема друга работа. Замислете го само тоа чувство додека се обидувате да

Пронајдете не на следниве мрежи: