Дали треба да се тушираме секој ден?

Туширањето е рутина како и спиењето. Но без разлика дали се туширате наутро или навечер, веројатно се туширате често бидејќи во спротивно ќе се чувствувате грозно. Сепак, експертите тврдат дека таа навика е неточна и дека треба да се тушираме еднаш до два пати неделно.Доктор Елејн Ларсон, професор по заразни болести на Универзитетот Колумбија, вели „мислам дека туширањето најчесто служи за естетски причини. Луѓето мислат дека се тушираат заради хигиена, но бактериолошки, тоа не е случајот.
Нашето тело е природно подмачкана машина. Секојдневниот туш не е неопходен, тврди др. Брендон Мичел, асистент по дерматологија на Универзитетот Џорџ Вашингтон. Тој тврди дека пречестото миење на кожата и ги отстранува природните корисни маснотии.
Освен тоа, иако мислиме дека секојдневното туширање не спасува од бактерии, тоа може да има и спротивен ефект. Туширањето може да ја зголеми шансата да се заразиме со некаква бактерија бидејќи ја суши кожата, и не прави поподложни на испукана кожа преку чии процепи бактериите влегуваат во нашиот систем. Експертите тврдат дека од здравствен аспект, највеќе не штити од болести секојдневното миење на рацете.
Сепак, овие објаснувања не го земаат предвид фактот како ќе мирисаме. Затоа, ако се потите на фитнес неколку пати во неделата, топло ви препорачуваме да продолжите со дневното миење и триење.Доктор Елејн Ларсон, професор по заразни болести на Универзитетот Колумбија, вели „мислам дека туширањето најчесто служи за естетски причини.

Пронајдете не на следниве мрежи: