Дали требаше тој да испадне? – Младен Лукиќ првиот кандидат кој го напушти X-Фактор

Младен Лукиќ е првиот кандидат од групата на Жељко Јоксимовиќ, кој испадна во првата емисија од настапите во живо на Х-Фактор.Младен и Александра Брковиќ имаа најмал број на гласови од 12-те натпреварувачи, по што четворицата судии требаше да одлучат кој го напушта шоуто.
Откако Жељко и Емина гласаа Младен да остане, а Кики и Кристина Ковач гласаа Александра да остане, бројот на гласови од публиката одлучи дека Младен го напушта шоуто.
Ќе се согласиме дека сите кандидати убаво пејат, но дали токму тој прв  требаше да го напушти шоуто? Се појавија многу негодувања на социјалните мрежи околу ова прво исфрлање, но сепак на крајот само еден ќе победи!
Нашите кандидати Даниел Кајмакоски и Фифи ги продолжуваат настапите. Даниел доби најмногу гласови од публиката и неговото име беше прво соопштено за пласман во следниот круг.
 Младен и Александра Брковиќ имаа најмал број на гласови од 12-те натпреварувачи, по што четворицата судии требаше да одлучат кој го напушта шоуто.

Пронајдете не на следниве мрежи: