Стоењето на една нога можеби ви се чини како детска игра, но може да открие многу работи за здравјето на човекот, покажа истражување на Универзитетот Токио, кое беше спроведено врз 1300 испитаници.Според истражувањето, луѓето коишто не можат без проблеми да ја одржуваат рамнотежата додека стојат на една нога со отворени очи од 20 до 30 секунди, имаат намалени когнитивни функции, пишува The Independent.
Само по себе, тоа не претставува проблем, но понатамошни истражувања откриле дека борбата со одржувањето рамнотежа донесува и поголем ризик од мозочен удар во раната возраст, бидејќи може да претставува резултат на болест на малите крвни жили и повторувачки хеморагии, односно ситни крварења во мозокот.
„Стоењето на една нога е едноставен начин за мерење на телесната рамнотежа и стабилност, односно нестабилности што може да бидат последица од абнормалност на мозокот“, рекол авторот на истражувањето Јашуру Табара.Според истражувањето, луѓето коишто не можат без проблеми да ја одржуваат рамнотежата додека стојат на една нога со отворени очи од 20 до 30 секунд



