Дали влегувањето на извршителите во домот на должникот без негова согласност е уставно

 Адвокатот Тони Нанчовски поднесе иницијатива до Уставниот суд  за поведување постапка за оценување на уставноста на Законот за извршување.          Врз основа на Член 50, став 1 и 3 и Член 51, став 1 од Уставот на Република Македонија и Член 12 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија, поднесувам
                                 И  Н  И  Ц  И  Ј  А  Т  И  В  А
           за поведување постапка за оценување на уставноста на
 
          Законот за извршување (Сл.весник на РМ 72/2016 и 142/2016) Член 84, став 1, 2, 3, 7 во делот (3) и став 8 во делот (1), постапување на извршителот, бидејќи, се во спротивност со Член 26 од Уставот на Република Македонија и како неуставни, треба да бидат поништени или укинати од страна на Уставниот суд на Република Македонија.
                                  О  Б  Р  А  З  Л  О  Ж  Е  Н  И  Е
 
          Уставот на Република Македонија, во Член 26, став 1, ја гарантира неповредливоста на домот, а во ставот 2 од истиот член определува дека, Правото на неповредливост на домот може да биде ограничено единствено со судска одлука кога е во прашање откривање или спречување на кривични дела или заштита на здравјето на луѓето.
          Неповредливоста на домот, како основно начело, уредено во делот на, Основните слободи и права на човекот и граѓанинот во Уставот на Република Македонија. а заради заштита на приватноста, гарантира дека, никој, без одобрение на оние што определен простор го користат за живеење, не може да влезе во истиот. Исклучок од оваа гаранција е нотиран во ставот 2.
          Членот 84, став 1 од Законот за извршување, му дава право на извршителот (кој согласно Законот за извршување, не е лице овластено да открива или спречува кривични дела, нити да се грижи за заштита на здравјето на луѓето), да може, без одобрување на оние што живеат во определен простор, да влегува и превзема дејствија во истиот. Истиот член од законот му дава право да врши и претрес на лица без притоа да определи на кој начин истото се извршува, оправдувајќи го со општа формулација ,,да постапува со должна почит спрема личноста на должникот и членовите на неговото домаќинство,, што е во спротивност со Уставот и Законот за кривична постапка во кој детално е определена постапката за претрес на лице. Обезбедената еднократна писмена дозвола (за влегување и претрес на станот и лицата што живеат во истиот) од Претседателот на основниот суд на чие подрачје се спроведува извршувањето, во која не се назначува денот на превземањето на дејствието (влегување и претрес на станот и лицата што живеат во истиот), а важи до завршување на дејствието кое се презема, не е, и не може да биде оправдано и е во директна спротивност  со Уставната норма ,,со судска одлука кога е во прашање откривање или спречување на кривични дела или заштита на здравјето на луѓето,,. Судската одлука се донесува како пресуда, решение, наредба, а никако во форма на дозвола.
          Ставот 2 од Членот 84 од Законот за извршување, кој номотехнички се однесува на ставот 1 од истиот Член, исто така е неуставен од истите причини елаборирани во претходниот пасус од оваа иницијатива.
          Ставот 3 од Членот 84 од Законот за извршување е во спротивност со Член 26 од Уставот на Република Македонија бидејќи, предвидува превземање дејстива од страна на извршителот, односно, влегување во станот(домот) и без согласност дури и ако должникот, неговиот законски застапник, полномошник или полнолетен член на неговото домаќинство во тој момент не се присутни во станот (домот). Противуставно предвидува насилно влегување во стан (дом) кој е заклучен и во кој не се присутни лицата кои живејат во него за потоа да даде можност да биде променета бравата од станот (домот), новиот клуч да се остави кај старател за посебни случаи, кој на барање на извршителот го определува Центарот за социјални работи.
          Ставот 7 од Членот 84 од Законот за извршување е во спротивност со Член 26 од Уставот на Република Македонија, во делот/зборот/бројот (3)бидејќи се однесува на ставот 3 од Член 84 од Законот за извршување кој е противуставен.
          Ставот 8 од Членот 84 од Законот за извршување е во спротивност со Член 26 од Уставот на Република Македонија, во делот/зборот/броевите (1) до (3) бидејќи се однесува на ставовите 1, 2 и 3 од Членот 84 од Законот за извршување кои се противуставни.
                                               П  Р  Е  Д  Л  О  Г
Согласно Член 27, став 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија
 
          До донесување на конечна одлука, Уставниот суд на Република Македонија да донесе, Решение за запирање на дејствијата што се превземени или се превземаат врз основ на Член 84, став 1,2,3,7 и 8 од Законот за извршување (Сл.весник на РМ 72/2016 и 142/2016) бидејќи, со неговото извршување, настанувале, настануват и можат да настанат тешко остранливи последици по основните слободи и права на човекот и граѓанинот, загарантирани со Член 26 од Уставот на Република Македонија.

 
                                      О  Б  Р  А  З  Л  О  Ж  Е  Н  И  Е
 
          Во Република Македонија, традиционално, но и од економски причини, во еден дом/стан живеат, во најголем број и по три но и повеќе генерации. Во ист дом/стан во голем број живеат и подстанари кои не се во роднински врски со сопствениците на домот/станот. Превземањето на извршни дејствија од страна на извршител во домот/станот на должникот, покрај должникот, ги вознемирува и останатите членови на семејната заедница, а посебно малолетните лица врз кои оваа постапка остава и трајни негативни душевни последици. Сето ова е само доказ дека, со Членот 84, став 1,2,3,7 и 8 од Законот за извршување се повредува Членот 26 од Уставот на Република Македонија со последици врз неопределен број на граѓани со повреда на уставната гаранција за неповредливост на домот а, не само врз лицето врз кое се спроведува извршувањето.
          Од професионално но и од лично искуство, подносителот на оваа иницијатива потврдува дека, покрај средството на извршување ,,пренос на средста што се водат на сметка кај носителот на платен промет согласно со прописите за платен промет,, извршување со попис и процена на лични ствари во домот на должникот, се користи од страна на извршителите во илјадници предмети. Како средства за извршување се предвидени заради остварување на парично побарување и со продажба на други подвижни предмети, продажба на недвижности, продажба на хартии од вредност и удели во трговски друштва, пренос на парично побарување кои можат да се применат од страна на извршителот и процесот на извршување успешно да биде спроведен заради намирување на доверителот.
          Заради масовното кршење на слободите и правата на човекот и граѓанинот загарантирана во Член 26 од Уставот на Република Македонија, со масовната примена на неуставната одредба од Член 84, став 1, 2, 3, 7 и 8 од Законот за извршување му предлагам на Уставниот суд на Република Македонија во најраток можен рок, согласно Член 27, став 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија, а до донесување на конечно решение по оваа иницијатива, да донесе,
 Решение за запирање на дејствијата што се превземени или се превземаат врз основ на Член 84, став 1,2,3,7 и 8 од Законот за извршување (Сл.весник на РМ 72/2016 и 142/2016)бидејќи, со неговото извршување, настанувале, настануват и можат да настанат тешко остранливи последици по основните слободи и права на човекот и граѓанинот, загарантирани со Член 26 од Уставот на Република Македонија.
                                                                                Подносител на иницијативата
                                                                               АДВОКАТ ТОНИ НАНЧОВСКИ          Врз основа на Член 50, став 1 и 3 и Член 51, став 1 од Уставот на Република Македонија и Чле

Пронајдете не на следниве мрежи: