Дали во Македонија ќе видиме ваков градоначалник?

Градоначалникот на Њујорк Мајкл Блумберг објави официјално дека ќе побара промена на законот, според кој градоначалниците имаат право најмногу на два мандати, барајќи на тој начин трет мандат со аргументот дека сака да го води градот во предизвиците на финансиската криза.Блубмерг, кој во 2002 година наложи вето на предлогот градоначалниците да можат да бидат избирани за три мандати, изјави дека го променил мислењето по повод најтешката економска криза по Големата депресија. Неговиот сегашен мандат истекува на 31 декември 2009 година.- Сакам да го водам градот во тешките времиња. Целиот живот ме подготвуваше за предизвици кои стојат (пред Њујорк), изјави 66-годишниот Блумберг, основач на финансиската информативна компанија Блумберг Ел Пи. 

Неговата финансиска состојба се проценува на над шест милијарди долари. Тој потроши околу сто милиони долари лични средства, за да ја финансира кампањата за вториот мандат во 2005 година.Блумберг беше избран за градоначалник на Њујорк два месеци по нападите на 11 септември 2001 година. Неговиот претходник Рудолф Џулијани се повлече по два мандати.
МИАБлубмерг, кој во 2002 година наложи вето на предлогот градоначалниците да можат да бидат избирани за три мандати, изја

Пронајдете не на следниве мрежи: