Наутро се будите и ви недостасува потребната мотивација за работа? На глас кажавте: Ајде, стани, време е за на работа!
Ако зборувате сами со себе, тоа не е знак на лудило, туку здрав разум, тврдат психолозите. Разговорот сам со себе е корисен. Еве како го објаснуваат тоа:
Наутро се будите и ви недостасува потребната мотивација за работа? На глас кажавте: Ајде, стани, време е за на работа!
Тоа не е ништо необично, особено ако сте соочени со ситуација која ве прави нервозни. Нормално, секогаш треба да проверите дали некој ве слуша од страна, затоа што многумина можат да помислат дека сте луди. Реалноста е дека поголем број од луѓето имаат внатрешен глас, кој ве води, ве фали или пак ви се руга. Овој глас останува во нашите глави, а понекогаш несвесно кога го слушате ја отварате устата и на глас изговарате се.
Зборувањето сам со себе е продуктивно и нема потреба за паника!
Предности на монолозите
Мозокот работи поефикасно – Во еден експеримент 20 доброволци требало да купат намирници од супермаркет, но еднаш во тишина, а еднаш додека одат да го повротваат списокот на глас. Во вториот случај запомниле повеќе намирници. Но, ова важи само за познати предмети, на пример, знаете дека бананата е жолта, па со повторувањето ја визуализирате и така полесно памтите, но ако се работи за нешто целосно непознато, повторувањето само може да ве збуни.