Дали ѕирка трудничко стомаче или виновна е кошулата?

Последните неколку недели сè погласно се “шушка” дека српската тенисерка Ана Ивановиќ и нејзиниот сопруг, германскиот фудбалер Бастијан Швајнштајгер го чекаат своето прво дете.Иако тоа сè уште не е потврдено, бројните обожаватели почнале да ѝ честитаат на убавата тенисерка на нејзиниот Инстаграм профил. 
Шпекулациите започнале по последната фотографија која Ана Ивановиќ ја објавила на својот профил. “Време е за вечера”, напишала Ана под фотографијата на која позира, облечена во тренди црни панталони, црни високи потпетици и бела кошула со црни точки.

Токму поради кошулата, во која тенисерката изгледа како да е трудна, многумина заклучиле дека парот очекува дете. Самата Ана не одговорила на коментарите, но доколку е навистина трудна, таа наскоро нема да може да го крие тоа.
Имено, Ана и Бастијан се во врска од 2014 година, а се венчале минатата година во Венеција.
 Иако тоа сè уште не е потврдено, бројните обожаватели почнале да ѝ честитаат на убавата тенисерка на нејзиниот Инстаграм профил. 

Пронајдете не на следниве мрежи: