Дали знаете како КАФЕТО делува на изгледот и здравјето на кожата?

Добро е познато дека пиењето кафе може да има и позитивни и негативни ефекти врз телото и организмот, и затоа еве неколку последици што може да ги предизвика кафето врз нашето здравје и нашата кожа.-Кафето го намалува ризикот од рак на кожата: Кафето на многу начини влијае врз изгледот на кожата, но претежно тоа е позитивно. Едно неодамнешно истражување покажало дека пиењето големи количини на кафе ја превенира појавата на меланомот. Истражувачите за целта на истражувањето ги тестирале дневните навики на 450 илјади луѓе и дошле до изненадувачки резултати, според кои оние кои пијат над 4 филџани кафе дневно имаат 20% помал ризик од малигните кожни заболувања.
-Кожата може да изгледа поуморно: Иако често пиеме кафе кога сме под стрес, тоа не е најдоброто решение во тие ситуации, бидејќи кафето прави кожата да изгледа поуморна. Извесно истражување покажало дека луѓето што пијат шолја кафе пред стресна ситуација, имаат потешкотии да се справат со неа, отколку оние што не пијат кафе пред овие ситуации. Со други зборови, кафето може да го зголеми нивото на стрес и да предизвика лачење на голема количина на инсулинот во нашето тело. Исто така, лошо влијае на оние што имаат проблем со акните.
-Влијае на дехидрацијата на кожата: кафето содржи кофеин, што е диуретик, и ја дехидрира кожата. Сепак, многу извршени истражувања покажале дека кофеинот не е толку силен диуретик, т.е. 12 од 15 случаи покажале дека кафето го нема овој ефект ако кожата е доволно хидратирана. Кафето само по себе не влијае на кожата на тој начин, се додека внесувате доволна количина на вода во денот.
-Кафето може да го зголеми проблемот со акните: Ова не се однесува на „турското“ кафе, туку на сите варијанти на кафе со млеко. Млекото содржи состојки што можат да го зголемат нивото на хормоните во телото, и со тоа да го забрза процесот на воспаление на кожата, предизвикувајќи иритација. Затоа, ако имате проблеми со кожата, пијте чисто црно кафе.
-Кафето содржи многу антиоксиданти: Извесно истражување покажало дека кафето е одличен избор за оние кои држат диета, бидејќи е богато со антиоксиданти. Тоа не значи дека кафето има повеќе антиоксиданти од овошјето и зеленчукот, но сепак може да придонесе кон здрав изглед на кожата бидејќи е успешно против слободните радикали што го предизвикуваат стареењето.-Кафето го намалува ризикот од рак на кожата: Кафето на многу начини влијае врз изгледот на кожата, но претежно тоа е позитивно. Е

Пронајдете не на следниве мрежи: