Дали знаете која е разликата помеѓу желатинот и агарот?

Loading...

Како  се користи  желатинот, а како  агарот- научете бидејќи не е исто!Некои  адитиви во  храната како  што  се  агарот и желатинот се природни. И  двата служат  за желирање  на течности, овошје и зеленчук, а во  молекуларната гастрономија и  за правење „желе шпагети“ за што  се користи обичен шприц  и  долго  гумено црево и слично.
Домаќинките главно  знаат дека желатинот  е од животинско потекло-  а дека агарот е  растителен.
 Всушност, овие две средства имаат сериозни разлики!
Агар
Дозирање: На секои 100мл течност ставете по  0.2-0.4гр за мек, а 05.-3.0гр за цврсто желе
-Смесата ќе се  стегне и надвор од ладилник. Се стега на 40- 50 степени.
-Повторно се топи на 80, па така смее да се загрева за разлика од желатинот
– Потребни  се 3- 5 минути да се стопи на 100 степени- значи  задолжително е течноста  да се загрее и  кратко да проврие.
Желатин

 
Дозирање: ставете во  100мл 0.5-1гр за меко, а 1-6 гр за цврсто желе.
-Поцврст  е од агарот
-Течноста која треба да се стегне не мора да врие- доволно  е благо да се загрее и  желатинот убаво да се растопи
-Се стега само  во  ладилник
-Желатинот повторно се топи на 50 степени и му треба помалку  време да се стопи од агарот-  затоа треба да се внимава кога е топло
-Не може повторно  да се загрева
Сега кога ги знаете разликите- бирајте внимателно, во  согласност  со  јадењето кое го подготвувате и  температурата на која јадењето ќе биде сервирано!Некои  адитиви во  храната како  што  се  агарот и желатинот се природни. И  двата служат  за желирање  на

loading...