Дали знаете колку е важен калциумот за вашето здравје?

Калциумот игра важна улога во формирањето  на густината на коскената маса во раното  доба и за одржување на здравјето на коските во текот на животот. Околу 99 проценти од калциумот  во телото се наоѓа во коските и забите.Остатокот од калциумот главно може да се најде и во мускулите. Долготрајниот недостаток на калциум може да доведе до развој на рахитис и отежнато згрутчување на крвта, а можна последица е појава на остеопороза.
Иако одредено овошје, јаткасти плодови и семки содржат значајни количини калциум ( како алги, кељ, спанаќ, брокула, лешници или сусам), за најдобар извор сепак се сметаат млекото и млечните производи. Чаша млеко обезбедува просечно 300 милиграми калциум, а чаша јогурт дури и повеќе, околу 450 милиграми. Од друга страна, истата количина брокула содржи 280 милиграми, а кељот само 55 милиграми. Препорачан дневен внес на калциум за возрасни изнесува 1000 милиграми дневно, а за деца и трудници 1300 милиграми.
За апсорпција на калциумот во организмот неопходен е и витамин D еден од витамините кои се разложуваат само во маснотии. Истражување кое неодамна е објавено во САД, а спроведено на тамошниот универзитет Туфтс, покжало дека апсорбцијата на витаминот D го подобруваат незаситените масни киселини од растителни масла. Затоа најдобра исхрана за силни коски се смета онаа која е богата со незаситени масни киселини, витамин D и калциумот.Остатокот од калциумот главно може да се најде и во мускулите. Долготрајниот недостаток на калциум може да доведе до развој на рахитис и отежнато з

Пронајдете не на следниве мрежи: