Годишните времиња, во кои ќе се роди бебето, битно влијаат на карактерот на личностите, затоа што се придвижуваат невротрансмитерите кај трудниците кои ги пренесуваат во развојот на фетусот, па затоа можат да имаат долготраен ефект на човекот. Според астрологијата, положбата на Земјата, Месечината, Сонцето и ѕвездите во моментите на раѓање битно влијаат на личноста. Сепак, научниците тие тврдења упорно ги отфрлуваат и покрај тоа што студија од Универзитетот Семелвис во Будимпешта потврдила дека сезоната, во кое се раѓа детето, влијае на неговиот карактер.
Овие резултати ги изнесе Ксенија Гонда, на 19-ти октомври на Европскиот колеџ на невропсихофармакологија во Берлин.
„Сеуште не можеме да кажеме ништо за сите методи кои се вклучени во овој процес, но сепак некои нешта се јасни“ – изјави таа.
„Биохемиските студии покажале дека сезоната во која сте родени влијае на одредени невротрансмитери, како што се допамин и серотонин кои се детектираат на постара возраст. Тоа нас не наведе да веруваме дека годишните времиња може да имаат долготраен ефект на личноста“ – додаде Гонда.
Во оваа студија учествуваа студенти и секој од нив мораше да напише во кој период од годината е роден, како и нешто за својот карактер. На основа на овие резултати се дошло до следниве заклучоци:
„Сите оние кои се родени на пролет, имаат позитивен темперамент. Бебињата родени на лето имаат често промена во расположението, додека бебињата родени во есен имаат помалку депресивен темперамент од оние кои се родени во зима. Заклучокот е дека децата роден во најладниот период од годината се помалку возбудени од другите“. Според астрологијата, положбата на Земјата, Месечината, Сонцето и ѕвездите во моментите на раѓање битно влијаат на личноста. Сепак, научниците тие



