Уште од дамнешни времиња, црешите секогаш ги биел добар глас. На овие вкусни плодови им се додавале низи лековити својства – од лек за гихт и артритис, до храна за добар сон. До неодамна, сето тоа се сметало за народна медицина, но истражувањата дале и темел на сите тие приказни.Иако се добар извор на витамини, сепак не содржат толку многу витамин Ц како јагодите, но присутноста на антиоксиданти и други корисни состојки ги прави многу здраво овошје.
Црешите ги содржат витамините Ц, Б и А, биофлавоноиди, елагична киселина, антицијанин, мелатонин.
Овие состојки помагаат во борбата против ракот, при превенција на болести на срцето, ги ублажуваат болките предизвикани од артритис и гихт, главоболката, ги ублажуваат симптомите поврзани со фибромијалгичниот синдром. Црешите му помагаат на телото да произведува мелатонин на сигурен и здрав начин, но и ги подобруваат физиолошките и менталните функции. Свежите цреши се добри за отстранување на физичката и умствената исцрпеност, а киселите цреши го подобруваат расположението. Сличните здравствени својства го имаат и вишните.
Позитивен ефект на црешите врз здравјето
Истражувањата покажале дека консумирањето цреши може да помогне при спречување на срцеви болести и рак, како и да ги ублажи болките и да го подобри здравјето на коските. За ова најверојатно се заслужни антиоксидантите кои може да се пронајдат во црешите, од кои најздрав е флавоноид антицијанинот и керцетинот.
Превенција на срцеви заболувања
Според истражувањата, флавоноидот којшто може да се најде во црешите (керцетин), има антиканцерогени својства и помага при спречување на срцеви заболувања. Црешите се сметаат за важен извор на керцетин во нутриционистичка смисла.
Превенција на рак
Во семките од црешите се наоѓа мало количество амигдалин, кој уште се нарекува и витамин Б17 или лаетрил, за кој се смета дека позитивно влијае врз намалување на туморот и спречува понатамошно ширење на ракот, но и помага при ублажување на болките предизвикани од канцерогените процеси.
Ублажување болки
Антицијанините ги блокираат воспалителните ензими и ги намалуваат болките. Всушност, 20 цреши се десет пати поефикасни од аспиринот и имаат позитивни ефекти на гихтот и болките од артритис.
Камен во бубрег
Не е здрав само плодот од црешите – од петелките може да се направи чај за подобрување на лачењето урина при појава на камен во бубрегот. За подготовка на чајот ставете прстофат петелки во литар врела вода и варете две минути, па оставете да се лади петнаесетина минути. Процедете го чајот и пијте по една до две голтки во текот на денот.
Здрави коски
Црешите се сметаат за одличен извор на бор (содржат 100 грама во 20 цреши), што во комбинација со калциум и магнезиуми исклучително поволно влијаат на здравјето на коските.
Помагаат при слабеење
Црешите содржат малку калории, немаат маснотии, а содржат и поголем удел на вода. Истражувањата покажале дека зголемен внес на вода во организмот го зголемува нивото на енергија и помага при убрзување на метаболизмот. Многу луѓе ги користат предностите од консумирањето овошје богато со вода при слабеење.
Како повеќето овошја, црешите имаат многу калиум, а малку натриум, што помага при лачењето вода од организмот.
Црешите се едни од овошјата со најнизок гликемичен индекс
Црешите содржат комбинација од антиоксиданти кои помагаат при забавување на процесот на стареење, богати се со влакна, витамини, минерали, посебно калциум, железо и калиум. Секоја цреша има само 4 калории (1 филџан содржи околу 90 калории), имаат еднакви количества јаглехидрати и протеини, а практично немаат маснотии!
Познати се и по тоа дека ја прочистуваат крвта и даваат енергија.
Затоа, купете си цреши за да бидете поздрави, изгледате помладо и чувствувате подобро!Иако се добар извор на витамини, сепак не содржат толку многу витамин Ц како јагодите, но присутноста на антиоксиданти и други корисни состојки ги



