Дали знаете за што може да го искористите глуварчето?

Глуварчињата од многумина се сметаат за тотално некорисни растенија. Некои пак дури трошат илијадници средства на спрејови за да ги убијат овие „штетници“ во својот двор. Но, глуварчињата не заслужуваат таков третман. Всушност, тие се навистина добри за нашето здравје.Глуварчињата се толку здрави што се продаваат во продавници за здрава храна, во форма на храна или капсули. Ако живеете во област каде што ги има во изобилие може да добиете моќен природен лек, како и тоник со само едноставно берење на оваа чудотворна билка.
Глуварчето ја има таа предност што секој дел може да се искористи. Коренот, лисјата, цветот…сите може да се користат во исхраната. Всушност, глуварчето со векови се користело за лекување на најразлични болести, особено оние поврзани со бубрезите и црниот дроб. Ја потикнува работата на жолчката и дејствува како диуретик помагајќи при природно чистење на организмот.
Исто така, глуварчињата се огромен извор на хранливи материи. Содржат протеини, влакна, масни киселини, железо, магнезиум, калциум и калиум, како и голем број на витамини меѓу кои витаминот А, Ц, Д и К.
Глуварчето може да се јаде сурово во салата, но не треба да е целосно созреано. т.е може да се јаде сé додека не почне да цути. Штом цветовите ќе излезат, сеуште може да се користи во исхраната, но само варено. Што постаро е глуварчето толку повеќе ќе почнува да добива горчлив вкус.
Повеќе на najadise.mkГлуварчињата се толку здрави што се продаваат во продавници за здрава храна, во форма на храна или капсули. Ако живеете во област каде што ги има в

Пронајдете не на следниве мрежи: