Иако бројот на вагата може неверојатно да иритира, како да се објасни разликата во тежината меѓу утринското и вечерното мерење и кој број е навистина точен?Луѓето наутро се полесни бидејќи телото е благо дехидрирано и тој губиток на вода може да се манифестира со забележливо губење на тежината, тврдат експертите.
Со оглед на тоа дека кога пиеме две чаши вода во телото внесуваме половина килограм течности, дури и благата дехидрираност може да влијае на нашата килажа.
Во случај да пиеме вода пред спиење, тоа може да ја спречи утринската дехидрираност, но и да го зголеми бројот на вагата, а посебно ако се мериме по оброкот, кога тежината ни е зголемена за количината храна што сме ја консумирале.
Ако го посетите тоалетот во текот на ноќта, тогаш нема да задржите толку вода во организмот. Па така, многу е возможно дека наутро сме полесни бидејќи во текот на ноќта сме ги согореле калориите од намирниците што сме ги изеле за телото да има енергија за основните функции, како што се дишењето и одржувањето на телесната температура.Луѓето наутро се полесни бидејќи телото е благо дехидрирано и тој губиток на вода може да се манифестира со забележливо губење на тежината, тврдат