Дали знаевте дека оваа храна е поздрава отколку што мислевте?

Иако многумина ќе ви кажат дека оваа храна треба да ја одбегнувате доколку не сакате да качите уште некој килограм, истите тие воопшто не знаат дека токму оваа храна содржи скриени бенифити од нејзиното конзумирање.Путер

Експертите сугерираат дека заситените масти кои настануваат природно, како што е во случајот со путерот, кашкавалот и црвеното месо, можат да бидат многу корисни, се разбира доколку се умерено застапени во исхраната.
Пуканки

Не само што јадењето пуканки се смета за внесување интегрална храна, туку, според најновите истражувања, пуканките можат да содржат и до трипати повеќе антиоксиданси од одредени видови овошје и зеленчук.

Компири

Компирите најчесто се гледаат како дел од брзата храна, затоа што речиси и да не постои место каде што не се служи помфрит. Но, компирите можат да бидат многу корисни за здравјето, бидејќи ни обезбедуваат многу важни хранливи материи, како што се: витамин Ц, Б витамини, железо, калциум, калиум и растителни влакна. Ако не се потопени во заситени масти, т.е. ако ги зготвите во поприфатлива форма од помфрит, тогаш компирите можат да ви помогнат во битката за намалување на телесната тежина.
Кашкавал

Слично како кај путерот, кашкавалот содржи висок процент на заситени масти и има висока калориска вредност, но тоа не значи дека не наоѓа свое место во избалансираната исхрана. Во кашкавалот се застапени голем број хранливи материи, изобилува со калциум, а содржи и: витамин А, витамин Б12, рибофлавин, цинк и фосфор.
Јајца

Иако имаат висока количина на холестерол, јајцата изобилуваат со хранливи материи. Тие имаат низок процент на заситени масти – едно големо јајце содржи само 1,5 грама, во споредба со 3 грама во млекото со 2% масленост и 7 грама во една супена лажица путер.
Тестенини

Често, тестенините се гледаат како еден од најголемите непријатели на луѓето кои внимаваат на линијата, но тие всушност можат да бидат корисни доколку сте на диета. Во тестенините има висок процент на фолна киселина, а исто така, природно содржат низок процент на масти.Путер

Експертите су

Пронајдете не на следниве мрежи: