Игрите кои Мајкрософт ги нудеше на Виндоус, како што се „Солитер“ и „Фри Сел“ и „Мајнсвипер“ не се нашле таму случајно. Всушност, тие биле наменети за луѓето што побрзо да научат да работат на компјутер.Старите игри на Виндоус постоеле не само поради тоа што се лесни за програмирање. На пример, според Менталфлос, Солитерот и Минското поле се направени така што ќе помогнат на играчот да ги совлада основните компјутерски вештини за да може што полесно да ги користи персоналните компјутери во иднина. Солитер (1990-та), освен што е игра со еден играч, помогнала на корисниците да научат да користат маус, особено „драг анд дроп“ операцијата.
Минското поле (Мајнсвипер) е развиена во 1992-ра и се игра исто така со маус, а е наменета за совладувањето на левиот и десниот клик. Со излегувањето на Виндоус 8, овие игри веќе небеа дел од стандардните прилагодувања, туку беа достапни за симнување. Увидувајќи си ја грешката, Мајкрософт го враќаат Солитер на Виндоус 10.
Во оригиналната 4-ка на Виндоус игри може да се најде и „Хеартс“, која што исто така е игра со карти. Но, нејзината намена е комуникацијата со останатите играчи (фиктивни), за да може корисниците да се навикнат на подоцнежните компјутерски интеракции со останатите корисници.
Фри Сел (Фрее Целл) првпат се појавила на Виндоус 3.1. Можеби оваа игра немала некоја намена за корисниците, но била особено важна за натамошниот развој на софтверот.Старите игри на Виндоус постоеле не само поради тоа што се лесни за програмирање. На пример, според Менталфлос, Солитерот и Минското поле се направ