Бизнисмените Орце Камчев и Зоран Азманов имале блиска средба на прославата на адвокатската канцеларија “Апостолски” што се одржа во четвртокот во МКЦ, пренесоа повеќе интернет портали.Истите извори наведуваат дека во пресметката, што се случила пред очите на стотината присутни гости, истакнати личности од политиката и јавниот живот, подебелиот крај го извлекол Азманов кој добил неколку шлаканици и си заминал предвреме со скината кошула.
Двајцата имаат свои верзии за инцидентот и за причината за пресметката. Азманов вели дека Камчев му барал пари, непостоечки долг додека Камчев рече дека не сака да го коментира настанот, пишува Вечер.
„Си има надлежни институции кои ќе ја утврдат вистината“, прокоментира Камчев за Вечер.
Според неофицијалните информации до кои дошол “Вечер” виновник за инцидентот бил Зоран Азманов, кој под дејство на алкохол, почнал гласно и пред присутните гости да го навредува Камчев без никаква причина или повод. Камчев бил со неколку пријатели и на почетокот го игнорирале за по десетина минути да повикаат обезбедување да го отстрани од салата. Тогаш Азманов продолжил да го навредува Камчев, и ги навредувал дури и починатите членови на неговото семејство. Се до тој момент Орце бил смирен, но кога почнало пцуењето на починатите, му се приближил на Азманов и одреагирал..
„Петнаесетина минути го навредуваше, ние седевме по страна, го слушавме и го гледавме. Не ни се веруваше што зборува, сигурно беше пијан. Камчев не реагираше, се правеше дека не го слуша. Меѓутоа почна да го навредува и неговото семејство и во моментот кога се појави обезбедувањето за да го извади Азманов надвор и Камчев реагираше. Шамарите и тупаниците се преувеличување, немаше ништо такво. Му се доближи и разговараа на висок тон“, вели соговорникот на Вечер, сведок на настанот.
Бизнисменот Азманов пак има дијаметрално спротивна верзија на настанот. Според него, Камчев бил пијаниот и агресивен. Тој почнал да навредува и да се заканува барајќи наводен долг од 30 илјади евра, кој според Азманов не постои.
„Со пијан и со будала не можеш да се разбереш или да му докажеш. Камчев беше мртов пијан, тоа може да го потврдат сите што беа таму. Како прво, некултурно е таков да се појавиш на прослава. Почна да ми бара пари, 30 илјади евра, кои тој му ги дал на Фуфо, а бидејќи Фуфо бил мој пријател, сега ја сум требало да му ги вратам. Ме провоцираше и одеднаш ме нападна. Јас не му вратив“, вели Азманов.
И во неговиот добро познат стил на правење матни ситуации и забуни, Азманов и во оваа приказна вметна трети луѓе. Сега го вметна Љупчо Николовски-Фуфо. Тој вели дека Љупчо Николовски-Фуфо му должи 50 илјади евра кои му ги дал на заем, па затоа не му е јасно од каде Камчев пресметал дека тој треба да ги покрива неговите долгови кога и тие се пријатели, пишува Вечер.Истите извори наведуваат дека во пресметката, што се случила пред очите на стотината присутни гости, истакнати личности од политиката и јавниот жив