Џамбазов:Татко ми е виновен што не го направив концертот на мојот роденден!

Loading...

Овој концерт го најавив одамна, но не можев да го направам концертот на мојот роденден, 15 јули, тогаш сите се по одмори. За тоа што не можев да го направам концертот на мојот роденден, виновен е мојот машки родител Александар Џамбазов, виновен е Oпатиски фестивал 1962 година каде што татко ми Џамбаз имал три песни и ја понел мајка ми Aнче  на свадбено патување. Правен сум во собата 210 во хотел над кристалната дворана каде што се одржуваше фестивалот. И ќе се сложите дека на 15 јули нема шанси никој да дојде на концерт. Но, тоа нема врска во нашата држава.
Пред 15 години „Мајските оперски вечери“ се одржаа во октомври, а Струшките вечери на поезијата се одржаа во Скопје. Зошто јас да не го славам роденденот на 1 ноември. Одлуката за концерт ја донесов во Слепче, се јавив во „Борис Трајковски“. Немав идеја кој да го прави. Отидов во Демир Хисар во „Ефтинија“ и го сретнав Васко од Горила и8230; 8211; вака популарниот Игор Џамбазов го најави својот концерт на денешната средба со новинарите.
Вели ретко се поклопуваат вака коцките со бројките, со тројките на крај 63, 73, 83, 938230; 50 години живот, 40 години телевизиска кариера, 30 години од првата професионална театарска улога, 20 години од неговиот прв албум.
Дванаесет точки, дванаесет гости, Калиопи, Елена Ристевска, Тамара Тодевска, Влатко Илиевски, Пере и Франц, Коки, машката пејачка група на „Танец“, Сара Мејс, Димитар Андоновски, „Златно славејче“ и талентирана група „ЈБТ бенд“, кои ги нашол на „Youtube“ како ја свират „Диши длабоко“. Раде Шербеџија подготвува изненадување8230; Музички уредник на концертот е Гуру Харе. Ја подготвуваат „Време за плачење“ во фанки ритам. Тоа накратко е она што не очекува на 1 ноември во „Борис Трајковски“.

Џамбазов е задоволен од односот на фирмите на барањата да бидат дел од проектот. Особено е благодарен на „Трансмет“.
-Мое лично задоволство, но и задоволство на мојата компанија е што добивме прилика да соработуваме со Игор. Тој е дел од мојот живот уште од „Волшебното самарче“, дел од мојот живот и кога го имаше и кога го немаше. Игор беше дел од нас. Никако не сакав да си дозволам да ја пропуштам приликата да учествувам во овој проект затоа што сметам дека Игор заслужува да биде национална легенда 8211; вели сопственикот на „Трансмет“, Сеад Кочан.
Игор ја раскажа приказната за средбата со Кочан:
-Два-три дена пред печатењето на рекламниот материјал ми откажаа две големи компании кои требаше да бидат деловни партнери. Сега се спонзори на една балканска ѕвезда која ќе има концерт за дваесетина дена. Во тој момент немав што да правам. Гледав една емисија за бизнис и видов многу познати лица. Се појави и човекот што не го знам, Кочан. Си реков ќе одам кај овој човек. Отидовме во фирмата, ме прими. На Васко од „Горила“ му беше забрането да зборува, му беше дозволено само да клима со глава. Му реков на Сеад дека дојдовме за малку мозок и ум, а не по пари.

Го прашав дали е можно да е претседател во комора која не цени еден ваков голем проект. Му кажав дека имав понуда до некои негови колеги. Крена рака, го прекина разговорот и само ме праша колку пари се потребни. Му ја кажав сумата, рече јас ќе го платам тоа. Во едно вакво време, ваков гест се случува многу ретко, пред сѐ судејќи според односот кон македонските уметници. Двајцата се согласивме во едно 8211; како може на 2 август во Дојран да пее Жељко Јоксимовиќ, во Охрид Аца Лукас. Немам ништо против нив, нека пеат, но на 1 или 3 август, не на големиот македонски празник.
Харе, големиот пријател на Игор, вели:
– Чест е да се свири на ваков концерт. Навкнати сме на вакви големи концерти, низ годините го пратевме Тоше Проески. Составот ќе биде надополнет со три придружни вокали, три дувачи и ритам гитарист и, конечно, сѐ ќе прозвучи онака како што сакаме.
За време на концертот ќе се продаваат трите книги на Џамбазов:„Гол човек“, „Прирачник за анти алкохоличари“ и „Приказни од Македонија“.
На крај Џамбазов најави дека планира ваков концерт да се организира секој прв петок во месец ноември. Се заблагодари на медиумската поддршка кога „минатата недела на социјалните мрежи се случи еден земјотрес од 2,5 степени по Меркалиевата скала“.
извор:republika.mkЗа тоа што не можев да го направам концертот на мојот роденден, виновен е мојот машки родител Александар Џамбазов

loading...
Loading...