Каква облека да носите, а каква да избегнувате…Мини здолништа и шорцеви: Кратките парчиња облека се најдобрите пријатели во визуелното продолжување на нозете. Токму од таа причина, треба почесто да носите кратки сукњички и шорцеви, само внимавајте на должината, односно да не е прекратко и да не изгледа невкусно. Добар избор се кратки здолништа и шорцеви со висок струк, бидејќи сепак прекриваат барем еден дел од телото. Должината нагласете ја со здолништа во слоеви, а избегнувајте залепени модели.
Чевли со ременче околу глуждот. Знаеме дека совршено одговараат со тесно здолниште, а исто така се и удобни и стабилни, но ременчињата ги прават нозете пократки. Затоа држете се до потпетици во нијанса на бојата на кожата што визуелно ќе ги издолжат нозете.
Шорцеви во иста боја како потпетиците. Ова визуелно ќе ги продолжи нозете, бидејќи подобро ќе се вклопи. Правилата за оваа илузија важат и за чорапите, ако на пример носите фустан.
Потпетици на шпиц: Тие визуелно ги продолжуваат стопалата, но и целата нога, па затоа имајте барем еден ваков пар во својот плакар. Бројните странски ѕвезди со причина бираат токму pointy pumps.Мини здолништа и шорцеви: Кратките парчиња облека се најдобрите пријатели во визуелното продолжување на нозете. Токму од таа причина, треба почесто