Дами, ова никако не смеете да го правите „таму доле“ инаку може да го загрозите здравјето!

Експертите предупредуваат дека на овој начин ќе го загрозите своето здравје.Изложување на пареа
Актерката Гвинет Палтроу е една од ретките која сака да се пофали со третманите на кои го изложува нејзиното меѓуножје. Меѓу нив е Тикун Спа. Во текот на овој третман жената седи на мини престол, а потоа се пушта пареа, која наводно ја чисти нејзината матка. Експертите сметаат дека тоа пружа добро чувство исклучиво поради топлината, со која се зголемува протокот на крв во пределот на вагината, што предизвикува возбудување. Ако премногу се доближите до пареата можете да добиете изгореници. Освент тоа, се зголемува и можноста за развој на габи и бактерии.
Сончање
Актерката Шејлин Вудли во едно интервју откир дека на својата вагина сака да ѝ поклони малку витамин Д преку сончањето, посебно кога е исцрпена, затоа што тоа ѝ дава повеќе енергија. Експертите повторно имаат одличен одговор зошто тоа не би требало да се прави. Како што наведуваат, вагината ќе добие иста количина витамин Д и ако овој витамин го земате преку исхрана, а при тоа не би морале да ги изложувате своите гениталии на сонце бидејќи тоа предизвикува рак на кожата.
Ставање лепливи работи во вагината
Канди Буру во реалното шоу „Real Housewives of Atlanta” откри дека сака таму доле да си става шеќер, како би го засладила вкусот. Тоа дефинитивно не е добра идеја затоа што може да ја наруши рамнотежата на бактериите и киселоста во матката и да створи плодно тло за инфекција.
Плакнење
Веројатно тоа веќе одамна го знаете, но никогаш не е лошо да се повтори: Нема потреба да ја плакнете својата вагина, затоа што таа сама се чисти. Со тоа ја загрозувате природната рамнотежа на вагината, што може да доведе до иритација и вагинални инфекции.
Пирсинг
Ризикот од инфекции, лузни и болка се некои од причината зошто „НЕ“. Иако некои експерти тврдат дека тој може да биде доста сигурен ако се стави како што треба, на многу места се работи во простории кои не одговараат и големи се шансите да тргне како што не треба.Изложување на пареа
Актерката Гвинет Палтроу е една од ретките која сака да се пофали со третманите на кои го изложува неј

Пронајдете не на следниве мрежи: