Дамовски и Илиевски демонстративно ја напуштија „Топ тема“, откако со факти ги разобличија Богоевски и Маричиќ

Loading...

Членовите на иницијативата „ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА“ Борис Дамовски и Богдан Илиевски вечерва во емисијата Топ-Тема на телевизија Телма беа приморани да ја напуштат емисијата откако соговорниците Павле Богоевски и Бојан Маричиќ вербално и дрско ги нападнаа двајцата и не го испочитуваа правото кое претходно било договорено за ислушување на соговорникот и дебатирање со низок тон. Дополнително, Богоевски на дебатата ја имаше улогата на модератор, помогнат од водителот Боби Христов, недозволувајќи им на Дамовски и Илиевски да ги искажат своите ставови.-За време на рекламите се договоривме дека нема да викаме, дека нема да подметнувате. Неговите подметнувања не можам да ги поднесам, рече Дамовски обраќајќи се кон Маричиќ, по што заедно со Илиевски го напуштија студиото и им порачаа: „Момци на КАНВАС, повелете на улица, тука сме“.
-Да го упростиме равенството двојазична Македонија, бинационална Македонија, долгорочно гледано и најавено во програмата и зголемени права на локалните самоуправи со отворена фасцинација кон принципот на решавање на локалната самоуправа во Швајцарија, кантонизација, вовед во федерализација и распад на држава, сето ова го има содржано во програмата на СДСМ, вели Богдан Илиевски
-Точно е дека во собранието ништо не може да помине без 2/3, но да ве потсетам дека ДУИ кои албанската платформа и договорот сега реален со СДСМ го нарекоа историски договор за Албанците во Македонија. Сигурно дека не би бил историски доколку не би било нешто што би било веќе имплементирано, а ние сега правиме мали импликации и долго време заседаваа експерти за устав го толкуваа уставот и откако видоа дека тешко ќе има две третинско мнозинство за оваа платформа, тогаш се преиде на планот Б за да се изиграат законите и односно преку нив да се изигра уставот на Република Македонија, преку кој досега е напишано дека во единици на локална самоуправа во кои има значителен број односно 20 проценти од одредена етничка заеднца имаат право на двојазичност во одредена форма одредена со закон, рече Илиевски.
Тој додаде дека во моментов се прави тоа да се намали влијанието на Македонците, потсетувајќи дека сакал некој или не Македонците се најголемото население во нашата држава.
-Не е во ред Македонците да бидат исклучени во платформата која е направена во соседната држава и таа е ризик за иднината на Македонија, рече Илиевски.-За време на рекламите се договоривме дека нема да викаме, дека нема да подметнувате. Неговите подметнувања не можам да ги поднесам, рече Дамовски

loading...