Шеесет дена, шеесет дена во мирните протести кои минаа во Македонија во мир, достоинство и со цврсти барања ги поставувавме нашите барања. Некои не не слушнаа мислеа лесно ќе се откажеме, ќе престанеме, дента пред масокрот одлучија да пејат химна на туѓа држава и да го кршат деловникот и уставот, избраа нелегитимно собрание, колку и да замолувавме за мир и достоинствени протести трпението на народот не издржа, изјави денеска Борис Дамовски пред канцеларија на ЕУ.-Се собравме тука пред канцеларија на ЕУ чии еден странски амбасадор три пати ги посетуваше и ги охрабруваше во собранието за да извршат државен преврат, тоа вчера беше државен преврат, мирните протести успеаа да ги извалкаат со намерни протести кои резултираа со насилство, насилството, насилството никогаш не била наша намера ни цел и ние мораме да го осудиме, ниту еден живот, болка не е достоен за нашата цел, нашата цел е со упорност да ја вратиме Македонија таму каде што припаѓа на нас, истакна Дамовски.
Тој рече дека денеска на прес конференција човекот кој сака да биде премиер прво што направи се пофали со поддршката на странски амбасади, директно стајавќи не под нивните чизми каде што го губиме својот суверенитет, а Македонија е суверена 25 години.
-Ова сценарио е за разнебитување на Македонскиот народ, ако не сме заедно ќе не нема, ќе ја нема ни Македонија, ќе ја крстат како што сакаат, ќе пејат химни, ќе менуваат знамиња, сите овие настани се завеса низ која лесно гледаат вистинските Македонци, кои не гледа утре нема да биде Македоцен и ќе се разбиди како северно жител, граѓанин на нечија територија. Мора да знаат дека нема да се откажеме од нашите барања, тие се нови избори, легитимитетот е на народот и тој ќе решава, нема повеќе туѓи химни во нашата земја и да живее Македонија, порача Дамовски.-Се собравме тука пред канцеларија на ЕУ чии еден странски амбасадор три пати ги посетуваше и ги охрабруваше во собранието за да извршат државен пр