Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ по правен пат ќе ја продолжи битката против неуставниот избор на претседател на Собрание на Република Македонија и обидот за протуркување на тиранската платформа, која директно удира по темелите на уставноста на државата.
Како што најави Борис Дамовски од „За заедничка Македонија“, ќе мора да се посвети посериозен пристап на правната битка, која ќе одземе доста време, енергија и ресурси.
-Овие нови форми, пред се правната одземаат време, енергија и ресурси, на кои што ќе мораме да посветиме посериозен пристап. Оваа преставка до Уставниот суд е најбрзиот легален чекор кој што може да го преземеме, додека се работи на комплексната тужба која веќе ја најавуваме две недели, таа ќе биде сеопфатна и таа нема да биде едноставен документ. Буквално ќе биде трактат во кои ќе се обвинат сите фактори кои ја предизвикуваат оваа повеќегодишна криза во Република Македонија. Од таа тужба нема да биде поштедена ниту меѓународната заедница, нивните соработници на терен, разноразните мешетари меѓу партиите, шпекулантите за изворот на местенката за случувањата во Собранието и ќе ни одземат доста време и енергија и средства, изјави Дамовски.
Тој порача дека борбата продолжува и дека граѓаните мора да ја зачуваат енергијата.
-Енергијата која што нашите сопатници во овие барања ја имаат, ќе ја преусмериме на протести еднаш неделно и тоа зависно од политичката ситуација. Одговорот на народот секогаш ќе биде навремено, законски и правно да кажам, нема тоа да биде купи ден, продај што и да продаваат политичариве. Ние очекуваме потписи на коалицијата која претендира да биде незаконска влада, како што е незаконски и претседавачот на Собранието, односно вршителот на должноста во моментов, непотврден ниту по еден закон, ниту правило. Сакаме да им порачаме на нашите сопатници дека борбата продолжува и дека ќе треба зачувување на енергијата за јасно артикулирање и масовно изразување на моментите на нашето движење, изјави Дамовски.Како што најави Борис Дамовски од „За заедничка Македонија“, ќе мора да се посвети посериозен пристап на правната битка, која ќе одземе