Нашето трпение е огромно, со мир браниме мир, но знаеме и поинаку. Секој од нас е спремен да ја брани Македонија.Ова на денешниот масовен протестен марш на Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ во Скопје го истакна Борис Дамовски, член на иницијативата.
Вели дека народот е спремен да ја земе правдата и конечно да ја донесе во Македонија.
– Стотици илјади луѓе се готови да ја земат правдата и да ја донесат конечно во Македонија, истакна Дамовски.
Тој посочи дека сите го знаат излезот од оваа криза, како што вели, попис и избори.
-Попис и избори, пратеници на Тиранската платформа, немакедонски пратеници. Ова море нема да мрдне се додека не се откажат од Тиранската платформа, порача Дамовски.Ова на денешниот масовен протестен марш на Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ во Скопје го истакна Борис Дамовски, член