Дамовски: Тргни се од тука, татко ми го убија 2001!

По синоќешните настани во Собранието, денес на својот Фејсбук профил со објава излезе и Борис Дамовски еден од организаторите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.60 дена мирни протести и никој од тие што требаше да ги чујат постојаните повици за мирно и институционално решавање на кризата не се одзва. 60 дена постојано уверување на демонстрантите истомисленици дека мирниот начин е единствениот пат кој ќе вроди со плод. На шеесетиот ден, годишнината на Вејце, се пееше химна на туѓа држава во Македонското собрание, странски амбасадори шетаа по собраниските ходници храбрејќи пратеници да извршат државен удар. Додека зад бината на Граѓанската иницијатива за заедничка Македонија пред собранието, како и секој ден, спремаше културно уметничка програма, во собранието почна со остварување планот за разнебитување на Македонија. Маса луѓе пред наши очи влетаа во собранието. Се случи точно тоа од што се плашевме, трпението на луѓето попушти под серијата понижувачки провокации.
 
60 дена мирни протести и никој од тие што требаше да ги чујат постојаните повици за мирно и институционално решавање на кризата не се одзва.

Пронајдете не на следниве мрежи: