Македонија ќе добие класична криминална Тиранско бандитска влада, пишува на својот ФБ профил пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев.Зошто Тиранско бандитска влада? Ќе коалицираат само од гол интерес без принципи и идеја. Како СДСМ ќе коалицира со ДУИ кога до вчера Заев тврдеше дека се криминалци, дека има докази и снимки од кој чул дека се исто криминалци како ВМРО. Како БЕСА би коалицирала со ДУИ кога и тие за ДУИ велеа дека се корумпирани и криминалци?
Како БЕСА би коалицирала со СДС кога имаат став дека секој кој е под истрага на СЈО нема место во влада. А тоа што мандатарот не само што е под истрага на СЈО туку е фатен со законски обезбедена снимка како бара мито од фирма за како градоначалник да им потпише нешто, и раскажува дека и именува како и други струмички фирми исто постапиле, тоа не им пречи. Бандитска е и затоа што ДУИ отворено се сомнева за сомнително надворешно финансирање на партијата БЕСА од надвор. Ама не им пречи БЕСА да влезе во владата.Бандитска е и затоа што Заев каде фатил како градоначалник криминал направил, а тој сега ќе се борел против криминал и корупција. Стотици тендери ги доделил на најблиските роднини и мува не го лази. И на странците од меѓународната заедница тоа не им пречи. Не им пречи и што има законски обезбедена снимка како идниот премиер кого го подржуваат се гледа јасно како бара мито, ама кажуваат дека со него на цела Македонија ќе добиела реформска влада и истата ќе гонела криминалци. Каква брука е ова за нив, за странците. Срамота.
Бандитска е затоа што против Заев и други од раководството се води постапка во ЈО за финансирање на партијата, друго за изборни нерегуларности, па за незаконска и бандитска легализација на диви градби направена свесно за да се одбегне плаќање комуналии, и куп други кршења на закон.
Македонија ќе добие класична криминална Тиранско бандитска влада.
Таа влада цела година ќе се оправдува за неспособноста со лажна приказна дека во толку малку време нема резултати бидејќи многу лоша состојба им оставила ВМРО-ДПМНЕ што е неточно и лажно. Притоа ќе го менува уредувањето на државата, ќе прави бинационалност во една или во две фази, ќе го менува името на земјата, а за награда очекува меѓународната заедница да ја подржува, вештачки да им ја одржува коалицијата, да им даде повеќе пари за поткупуваат гласачи, и преку преговори со ЕУ и покана за НАТО да ги покријат сите злодела кои ќе и ги направат на Македонија. Поканата за НАТО и почетокот на преговори би биле одлична работа за Македонија, ако ги добиеме како и секоја друга држава во Европа. А не со кршење кичма на Македонците и со насилно носење на власт за криминалец за премиер, и бандитско Тиранска влада.Зошто Тиранско бандитска влада? Ќе коалицираат само од гол интерес без принципи и идеја. Како СДСМ ќе коалицира со ДУИ кога до вчера Заев тврдеше д
Пронајдете не на следниве мрежи: