Џани Патела: Политичката битка треба да се води во парламентот

Новиот шеф на Групата на социјалистите и  демократите во Европскиот парламент смета дека Унијата треба најпрво да се продлабочи пред повторно да се проширува, нагласувајќи дека политичката битка пред се се води во парламентот.Џани Питела го потврди она што Жан-Клод Јункер го рече дека во наредните пет години нема да има проширување на Европската Унија.- Ја потврдувам одлуката дека во наредните пет години нема да има проширување на Европската Унија. Ние треба најпрво да ги продлабочиме правилата за функционирање на сегашната Европска Унија – рече Питела, јавува дописникот на МИА од Стразбур.Италијанскиот европратеник притоа дава објаснување зошто во наредните пет години нема да има проширување, но и покрај ова земјите кандидати можат да напредуваат.-Не е можно да се продолжи да се проширува Европската Унија на хипертрофски начин, без притоа да се има подобрување на начинот на владеењето на Европската Унија. Го потврдувам она што го рече претседателот Јункер. Има досиеа кои ќе треба да бидат затворени пред да се предвиди членство на една земја. Пет години се доволни за да започнат преговорите.Околу земјите од Балканот, Питела беше многу појасен:- За земјите од Балканот можам да кажам дека тие се наши фаворити за членство во Европската Унија.Притоа, одговарајќи на прашање за бојкотот на албанскиот парламент од страна на опозицијата, Питела го повтори она што го има кажано и за Македонија во однос на бојкотот на македонскиот парламент од опозицијата.- Ние сме против повлекувањето од Парламентот. Не треба да се биде отсустен од Парламентот.  Политичката битка треба да биде во Парламентот. Не треба да се повлекува во суперизлоација. Потребно е конструктивно однесување, ваквото однесување е негативно за сите европски перспективи – рече Питела.- Ја потврдувам одлуката дека во наредните пет години нема да има проширување на Европската Унија. Ние треба најпрво да ги продлабочиме правилата з

Пронајдете не на следниве мрежи: