Мајката на две деца по име Даница Славин (21) во изминатите 18 месеци родила две деца, кои и двете се класифицирани како дебели. Нивната прва ќеркичка, Ева Лили Маргерисон по породувањето тежела околу 5 килограми и 600 грама и едвај влегувала во облеката која била подготвена за неа.Ева Лили е сеуште преголема за својата возраст. Сега има 18 месеци и е тешка околу 15 кг а вообичаената тежина за таа возраст се смета дека е измеѓу 9,5 и 11 килограми.
Пред 20-тина дена Даница, од Шефилд во Велика Британија родила момче на кое му го дале името Џек, а кое исто така било натпросечно тешко по породувањето , имало 4.600 грама.
Но, Даница која го запознала својот сопруг и татко на нејзините две деца пред четири години додека и двајцата работеле во ресторанот за брза храна Бургер Кинг, смета дека нивната тежина нема никаква врска со тоа што нивните деца се родиле потешки отколку што треба.
„Луѓето можат да ги гледаат фотографиите и да носат свои заклучоци, но јас не верувам дека статички е вистина дека дебелите родители раѓаат дебели деца а слабите слаби.“
„Мене најважно ми е децата да ми бидат среќни и здрави“- кажува оваа мајка.
Британските медиуми ја пренесуваат оваа приказна во светла информација дека во последните четири години во оваа земја се родиле 1.400 деца кои веднаш по раѓањето се класифицирани како дебели. Ева Лили е сеуште преголема за својата возраст. Сега има 18 месеци и е тешка околу 15 кг а вообичаената тежина за таа возраст се смета дека е измеѓ



