Колумната на авторот Огнен Јанески која е наменета за Даниел Кајмакоски предизвика бура од реакции во јавноста. Денес во целост ви ја претставувааме истата. Имено, Пулс24 се оградува од насловот на колумната. Притоа со оваа колумна не го искажуваме ставот кон Даниел Кајмакоски.Опа! Сакате да ме спалите на клада, оти насловот не е по вкусот на мнозинството? Или ве копка во што се состои срамот? Нешто пикантно се готви под тој наслов? Нешто што е надвор од сеопфатното мислење на сите во Македонија, се става како носител на темата, и сите како гладни риби за црв се фаќаме! Сензационализми – се фаќам и јас понекогаш за нив. Но, не често.Се фативте и тука на мамката? Признавам – го злоупотребив насловот. И се извинувам за спинот. Но, не за да привлечам повеќе читатели, туку, напротив, за да посочам дека многу едноставно може да се влијае на јавноста во денешно време, особено што како оружја ги имаме социјалните мрежи и многуте начини на комуникација. Прво, да расчистиме, не сметам дека Даниел од „Икс фактор 8211; Адрија“ е срам за Македонија, туку напротив – гордост. Исто како што е и Фифи. И со двете личности се гордеам. И за двете личности навивам.
Туку, не ми беа Даниел и Фифи поентата на текстот. Поентата ми беше психологијата на модерната толпа. Не таа на Гистав Ле Бон, но, таа на Марк Цукерберг и на сите негови пандани, во останатите социјални мрежи, како и на нивните реплики во модерното, онлајн-новинарство. Но, и на тие кои уметноста на живеењето ја доведоа до работ на бинарните системи, преточена во бројките 0 и 1, надвор од ослободената од пранги – природата или кафезоидните урбани средини, реалните простори во кој ги живееме нашите „времеплови“, надвор од „Фејсбук“, „Твитер“, „Инстаграм“, „Јутјуб“ или „Џи-мејл“.
Потребата од херои на модерното време не, доведува до заблуда за тоа – кои се нашите вистински херои денес? Порано, немајќи херои што ќе ги изрекламираат социјални мрежи, таквите ги баравме или ги симболизиравме преку ликовите на Волт Дизни или, пак, преку стриповите на МАРВЕЛ. Денес, народот има како да создаде свои херои и има како да ги изрекламира. Но, дали е тоа вистинската и релевантна слика за херојството нечие? Дали „лајковите“, срцињата, „фејвовите“, „ретвитите“ и „шерувањата“ се сликите што вредат илјада збора, а толку зборови едно дело да направат? Дело за паметење, кое ќе трае повеќе од три дена? Толку вреди дигиталното херојство денес! Три дена, три часа или три секунди. Зависи од големината, но не повеќе од три дена. Кој од вас се, уште го памети „најдобриот говор во македонското Собрание“ на пратеникот на СДСМ, Митре Велјаноски, од пред три недели, освен тие што го сметаат за антагонист, од ДПМНЕ?
Најсвеж ми е примерот со загинувањето на светски познатиот актер Пол Вокер од филмската франшиза „Брзи и бесни“. Познат им беше само на тие што следат акциски филмови или, пак, на тие што се „палат“ на неговите „плочки“ на стомакот. Сега во светот постои колективна тага за некој, чиј филм не ни изгледале, чија фотографија не ни погледнале. Зошто? Зашто неколку профили на „Твитер“ со милионска бројка на следачи и слични такви фан-страници на „Фејсбук“ споделија негова мисла „од малиот мозок“, која е бизарно поврзана со начинот на којшто загина. Одеднаш – сите престанаа да ги жалат убиените деца во Газа, бомбардираните бремени жени во Сирија, повредените при протестите во Украина или престанаа да се самосожалуваат како сиромашни Македонци. Потребата од сосредоточен консумеризам си ја заврши својата работа.
Јавноста ја насочи кон ѕвездата. Па тука веднаш се јавуваат и други крстоносци, кои велат дека никој не го жали тој што, всушност, го управувал возилото („роџер родас“) во кое загина Вокер, само зашто бил непознат за општата јавност. Прво, не одбирајте веднаш опција „шер“ или „лајк“! Размислете дали треба да се обжали, освен ако се изземе фактот дека е човек. Таа личност е тој што возел со недозволена брзина. Тоа е човекот поради и кој загинал Вокер. Да преживееше – ќе беше тужен и спроведен пред лицето на правдата. А тогаш јавноста дигитално ќе го линчуваше.
Знаете, одамна нашите велеле, брзата кучка слепи кучиња раѓа, така и брзите „лајкови“ или „ретвити“ тешки последици оставаат врз јавното мнение. Денес, сликата можеби вреди поживописни 1.000 збора, но зад себе крие најмалку 2.000 други збора што не соодветствуваат воопшто на првите. Затоа, споделувајте разумно! Оти денес брзиот „шер“ слепи „лајкови“ раѓа!
Колумната е преземена од Think.mkОпа! Сакате да ме спалите на клада, оти насловот не е по вкусот на мнозинството? Или ве копка во што се состои срамот? Нешто пикантно се готви под