Даниел Кајмакоски: „Во Македонија не наидов на било каква поддршка“

Од секогаш бев заљубен во музиката, само што јас и музиката до сега не бевме подготвени да се венчаме! Исто како во нормална врска имавме добри и лоши моменти, но никогаш не се откажав од музиката. Се обидов на различни начини и во различни земји, но кога бев во Македонија во 2009 година не наидов на било каква поддршка. Целосно се разочарав и сфатив дека не можам да ја привлечам среќата или успехот со сила, па затоа решив да се вработам и да се ослободам од тој притисок кој го носев во себе8230; Искрено, се прашев да се вратам на сцена8230; но мојот пријател Антонио ме пријави на Х Фактор, а балканската публика ми даде доверба. Се на се, музиката и јас сега сме подготвени за свадба, вели Даниел Кајмакоски во интервју за музичкиот портал мјузњуз.
Зошто баш Х-Фактор?
Моето мислење е дека Х-Фактор е најдобариот формат на светот. Голем број на моментално популарни светски ѕвезди всушност својата кариера ја започнале преку Х-Фактор.
За кои музичари би рекол дека имале најголемо влијание на твојот музички вкус и стил?
Бекстрит Бојс, Бруно Марс, Тоше Проески, Боис 2 Мен, Витни Хјустон, 112, Дејвид Фелпс…

 
Постои ли некоја песна која би сакал многу да ја испееш на некои од претстојните емисии на Х Фактор?
Дааа! Постои. Тоа е  „Master blaster“ од Стиви Вондер или „Russian Roulette“ од Ријана. Ако ми дозволат би ја пеел и „Ој девојче девојче“ или „Лихнида“
Музиката за тебе е…
Храна од која живеам, лек за мојата душа, медитација, енергија, љубов и решение за сите проблеми кои ги има оваа планета. Без музика животот е само илузија.
Доколку победиш, каков албум би сакал да снимиш?
Ако се случи тоа чудо јас да победам, тогаш тоа би бил албум за интернационалниот пазар во стилот на Justin Timberlake, One Republic или некој микс поп, рок, RnB и соул.
Даниел кајмакоски постојано е во друштво на убави девојки., а на една од пробите ја најде и „својата љубов“.
Погледнете како Даниел во 2008 година ја испеа песната „Чајорие Шукарие“ на следниот ЛИНКСе обидов на различни начини и во различни земји, но кога бев во Македонија во 2009 година не наидов на било каква поддршка. Целосно се разочарав и

Пронајдете не на следниве мрежи: