– Премногу размислував за време на настапот. Не бев опуштен и можеби затоа фалеше енергија – признава Даниел. Без разлика што членовите на жирито на „Х фактор“ го пофалија неговиот настап, Даниел Кајмакоски вели дека не е задоволен со неговиот настап, како и дека неговата нервоза го спречила да го пружи својот максимум.
Откако Даниел ја испеа песната “Unchained Melody”, судиите заклучија дека тоа не е неговиот најдобар настап, му фалело енергија, но сепак прекрасно ја изведе оваа песна.
– Знаеш дека ти си веќе голема ѕвезда, оваа песна звучи здодевно, но ти беше одличен – рече неговиот ментор Жељко Јоксимовиќ.
Од друга страна, Кајмакоски ветува дека во следните емисии ќе биде многу подобар.
– Имав огромна трема, премногу мислев за време на концертот. Не бев релаксиран и можеби тоа е причината зошто фалеше енергија. Искрено, јас не сум задоволен. Се надевам дека следната емисија ќе биде подобро. Им благодарам на менторите на добротворните критики, многу го почитувам нивниот суд. Јас ќе дадам се од себе следниот вторник – вели Даниел.
Да се потсетиме, на настапот на Даниел од минатиот вторник:
Без разлика што членовите на жирито на „Х фактор“ го пофалија неговиот настап, Даниел Кајмакоски вели дека не е задоволен со неговиот н



