Освен стандардниот договор за снимање албуми и спотови, победникот на американскиот „X Фактор“ добива милион долари, а во Велика Британија околу 250.000 долари. Ако триумфираше во американскиот „Х Фактор“, Даниел Кајмакоски ќе си обезбедеше и себе и на своите внуци пристоен живот, бидејќи ќе добиеше еден милион долари во кеш! Вака, македонскиот пејач од „Комбанк арената“ си замина со 10.000 евра во џеб и автомобил „Мини Купер“.
Се разбира, тешко е да се споредиме со САД, но интересно е да се види колку пари освојуваат победниците на „X Фактор“ во другите земји.
Во првите две сезони, паричната награда во Америка беше неверојатни пет милиони долари, а минатата година беше намалена на „скромен“ еден милион долари! Се разбира, освен парите, победникот потпишува договор за албум и снимање на неколку спотови.
Победникот на австралискиот „X Фактор“ доби награда во износ од 330,000 долари, додека во Велика Британија вкупниот награден фонд изнесува околу 1,7 милиони долари, со тоа што на рака добива 250.000 долари, додека остатокот се однесува на договорите за снимање на албумот.
Да се потсетиме, Кајмакоски за првото место доби договор за снимање на CD, две видеа, 10.000 евра и автомобил „Мини Купер“.Ако триумфираше во американскиот „Х Фактор“, Даниел Кајмакоски ќе си обезбедеше и себе и на своите внуци пристоен живот, бидејќи ќе доб