Директорот на Директоратот за проширување и соседска политика при Европската комисија Кристијан Даниелсон од вчера е во Скопје на средби со лидерите на политичките партии потписнички на договорот од Пржино.Како што информираат од Делегацијата на ЕУ во Скопје, Даниелсон синоќа се сретнал со лидерот на СДСМ Зоран Заев, а претпладнево со претседателот на ДУИ Али Ахмети. Тој денеска треба да се сретне и со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на ДПА Никола Груевски и Мендух Тачи.
Се очекува на средбите да стане збор за актуелната политичка ситуација во земјата, како и за процесот на евроинтеграција и спроведувањето на реформите. Ова е втора посета на Даниелсон годинава. Тој на 5 април во Скопје имаше средби со лидерската четворка, како и со претседателот на Владата Емил Димитриев.Како што информираат од Делегацијата на ЕУ во Скопје, Даниелсон синоќа се сретнал со лидерот на СДСМ Зоран Заев, а претпладнево со претседателот на