ДАНСКА САЛАТА ОД КРАСТАВИЦИ: Салата со благо-кисел вкус се прави ЗА ЧАС!

Салата со благо-кисел вкус која брзо се правиСостојки:
3 големи краставици
2 лажици сол
3 дл бел вински оцет 5%
2 дл шеќер
2 дл вода
Малку бибер
Подготовка:

 
Оцетот, шеќерот и биерот прелијте го со зовриена вода и мешајте додека шеќерот не се стопи.
Краставиците измијте ги и заедно со кората исечете ги на тенки листови. Можете да користите нож за зелка.
Ставете сол, добро измешајте и оставете 10 минути да пуштат вода. Со раце исцедете ги краставиците од вишокот вода која ја пуштиле.
Прелијте ги со водата со оцет, измешајте и оставете најмалку половина час сите состојки да се соединат.
Истурете ги во тегли кои претходно сте ги измиле со зовриена вода, затворете и чувајте ги во фрижидер со користењето.
Данците најмногу ја јадат со хот дог.
Одлично оди со печено пилешко, компир и кајмак.
Добар апетит.
Повеќе рецепти, кулинарски трикови, совети за здрава храна, здрав начин на живот, диети, напитоци и сл. можете да најдете на НАЈАДИСЕ.МКСостојки:
3 големи краставици
2 лажици сол
3 дл бел вински оцет 5%
2 дл шеќер
2 дл вода

Пронајдете не на следниве мрежи: