Српската пејачка Дара Бубамара веќе подолг период е во врска со 17 години помлад кошаркар.Иако не сакаше да ги потврди шпекулации дека наскоро ќе застане на лудиот камен, Дара не криеше дека ужива во романсата со далеку помладиот од неа кошаркар Немања Безбрадица. И двајцата почнаа врска во март оваа година, а според приказните на нејзините пријатели, Дара никогаш не била посреќна и позадоволна.
Пејачката сè уште се обидува да го сокрие приватниот живот од новинарите, а особено новото момче, но некои пријатели кои имаа можност да го запознаат велат дека и двајцата се вљубени и доста време минуваат заедно.
Другарка на Дара откри дека планираат свадба веднаш по нејзиниот концерт во „Арената“.
„Не ми откри кога Немања ја запросил, но во пораката ми напиша дека свадбата ќе се случи во Дубаи по нејзиниот концерт во „Арена“. Дара го обожава Дубаи, често патува таму на одмор, па претпоставувам дека нејзина била идејата таму да се венча со Немања. Таа вчера замина за Дубаи, но не знам дали за да се одмори или да закаже хотел во кој ќе се венча“, изјави нејзина пријателка за медиумите.
„Среќна сум и исполнета. Конечно имам маж каков што го посакував. Постојано сме заедно и ми ги исполнува сите желби. Со него не сакам да се фотографирам ниту да се појавувам во јавност, но ако некој нè ‘улови’, океј. Не се криеме, нормално функционираме. Немам намера на никого да му се правдам, заљубена сум, работам и дома и во странство со полна пареа, и сè ми оди убаво во животот“, изјави пејачката за својот љубовен живот.
Иако не сакаше да ги потврди шпекулации дека наскоро ќе застане на лудиот камен, Дара не криеше дека ужива во романсата со далеку помладиот од неа