Најдобриот голман во Лигата на Шампионите, Дарко Станиќ, како што пренесува „Дневник“ ќе го напушти тимот од Автокоманда, причина за тоа најверојатно е „неполопување на амбициите со клубот“.
„Се си има свој почеток и свој крај. Јас не го избрав крајот, едноставно не ни се поклопуваат амбициите со клубот“ изјави Станиќ во интервју за „Дневник“.
Според информациите кои ги пренесува „Дневник“, Станиќ веќе разговарал со спонзорот на тимот од Автокоманда, по што било јасно дека заминува од Металург.
„Она што најмногу ми пречи се нарушените меѓучовечки односи во клубот. Таа негативна енергија што постои ми пречи, без оглед дали некој ќе ме испочитува на некој друг начин“ вели Станиќ за „Дневник“.
Извор „Дневник“
Фото: index.hrНајдобриот голман во Лигата на Шампионите, Дарко Станиќ, како што пренесува „Дневник“ ќе го напушти тимот