„МагазинИнтер.ит“ пренесува ексклузивна информација во која се вели дека младиот и талентиран фудбалер на екипата на Работнички, 18-годишниот Дарко Велковски, би можел да се пресели во Интер за сума од 3 милиони евра.
Италијанскиот калчолигаш Интер по Горан Пандев и Ацо Стојков, овој пат на својот список како голем фудбалски македонски талент го вметна младиот Дарко Велковски, фудбалерот на Работнички.
Инаку, во минатото, Интер во својот младински тим за сума од 1 милион евра ги ангажираше тогашните фудбалери на струмичка Беласица, Горан Пандев и Ацо Стојков, па сега истата прилика за докажување би можел да ја има токму Дарко Велковски кој несомнено е еден од нашите најталентирани фудбалери.
Според „трансфермаркет“, Велковски има вредност на трансфер пазарот од 500 000 евра, што би значело дека 3 милиони евра за Работнички би било добра зделка.
Извор: ekipa.mk
Фото: macedonianfootball.com„МагазинИнтер.ит“ пренесува ексклузивна информација во која се вели дека младиот и талентиран фудбалер на