ДАРМ најави изложба по повод 25-годишниот јубилеј од независноста на Репулика Македонија

Државниот архив на Република Македонија по повод 8. Септември – Денот на независноста на РМ, подготвува изложба со која ќе се одбележи 25-годишниот јубилеј и ќе се презентираат значајни документи и фотографии што се чуваат во депото.Со цел да се доближи изложбата до граѓаните и до сите заинтересирани, во соработка со Македонски железници транспорт АД Скопје, ќе се организира патувачка изложба под мотото „Патување кон независноста“.
Прикажаните материјали ќе го опфатат периодот од 1903 до 1991 година, со што покрај Референдумот од 8. Септември се одбележуваат и јубилеите на Илинденското востание, Крушевската Република и АСНОМ.
Изложбата ќе се промовира во патничкиот воз што сообраќа на релација Скопје – Битола – Скопје, со поаѓање на ден 29 јули 2016 година во 14.30 часот односно на Железничката станица во Скопје во 14 часот. Брендираната гарнитура ќе сообраќа на оваа релација од 29 јули до 8 септември 2016 година.Со цел да се доближи изложбата до граѓаните и до сите заинтересирани, во соработка со Македонски железници транспорт АД Скопје, ќе се организира па

Пронајдете не на следниве мрежи: