Џаро открива: X-Фактор е наместен – Ќе му ја украдат победата на Даниел

– Не смееа да излезат „Докторите“ и Лукијан, зошто Кристина и Емина би останале без кандидати – вели легендарниот македонски менаџер за српски Телеграф.Прочуениот македонски менаџер Велибор Џаровски-Џаро, кој во животот наместил преку 100 фудбалски натпревари ширум Југославија, за српски Телеграф дал шокантно тврдење – дека X-Factor е наместен.
Џаровски тврди дека финалето ќе биде наместено и дека го известил Даниел Кајмакоски дека победата ќе му биде украдена.

– Апсолутно мислам дека целото шоу е наместено, а тоа ми беше јасно кога во вторникот испадна Илма, вели Џаровски и додава:
– Се сомневав од самиот почеток. Знаете дека во првенствата не ги местат сите натпревари, туку само еден. А емисијата од вторникот беше наместена. Кога во обложувалница ме прашаа кој ќе испадне, секогаш погодувам, а последниот пат реков дека не смеат да испаднат „Доктори“ и Лукијан затоа што Кристина и Емина би останале без кандидат, а тоа не смее да се случи. Рекоа за Илма дека е премногу млада и дека за тоа ја исфрлуваат. Тоа значи дека кога како јуниори во 1987 година го освоивме Светското првенство, Просинечки и Мијатовиќ не требаа да играат? – вели Џаро за српски Телеграф.

 

Иако финалистите ги бира публиката, а жирито ги има само завршните зборови, Џаро тврди дека гласовите намерно погрешно се бројат.
– И сами знаете колку луѓе се жалеа дека не можат да гласаат. Не е важно кој гласа, туку кој ги брои гласовите. Се додека продукцијата не состави новинарско жири кое нема да биде потплатено, а гласањето ќе се регулира, ова натпреварување ќе биде наместено. Па, ова е Балкан, овде 90% од работите се наместени. Жал ми е за Даниел, кој покрај Илма е единствен фаворит. Го предупредив неговиот тим дека финалето ќе биде наместено и да ја известат публиката да не гласаат, затоа што ќе бидат украдени, изјавил Џаро.

 

На инфромацијата дека X Factor е шоу со лиценца, поради што неговите обвинувања можат да звучат несериозно, Џаровски вели:
– Нема тоа врска. Да, ова е странска емисија, но ова е Балкан, прилагодено на нашиот менталитет, овде не смее да се случи менторите да останат без кандидат и затоа Маид и Илма мораа да бидат во дуел, затоа што Жељко веќе го има Даниел, а Кики Тамара, додека Кристина и Емина имаат само по еден натпреварувач, односно група. Со ова се ви е објаснето.
Само за потсетување, Илма не успеа да се пласира во големото финале, затоа што жирито сметаше дека е премлада. После тоа беше основана Фејсбук страница на која обожавателите ја повикаа продукцијата да ја врати Илма, но од МБК велат дека тоа не е можно.
Но Илма сепак изгледа дека не му прости на жирито, па почна сагата на Фејсбук. Најпрво почна со клетвите кон Емина, па се огласи нејзината мајка, по мајката се огласи и таткото…Кој е следен?
Емина не остана рамнодушна, па и таа имаше да каже нешто во врска со сета оваа драма. Тоа можете да го погледнете на следниот ЛИНКПрочуениот македонски менаџер Велибор Џаровски-Џаро, кој во животот наместил преку 100 фудбалски натпревари ширум Југославија, за српски Телеграф д

Пронајдете не на следниве мрежи: