Даските за сечење и нивната честа употреба, можат со време да станат легло за бактерии и разни зарази.Затоа, потребно е темелно да се исчистат даските, а ние ви откриваме начин на кој можете да го направите тоа.
Најпрво, да разјасниме дека дефинитивно е подобро да се користат дрвени даски за сечење отколку пластични, кои се дури и ризични за употреба. Иако пластичните се поевтини, обидете се да ги избегнувате бидејќи дрвените сами по себе не испуштаат никакви хемикалии.
Дрвените даски за сечење можат да се исчистат на два начини. Првиот е со лимон и сол. Исечете лимон на пола и ставете го во сол, потоа со кружни движења добро втријте го од двете страни. Оставете да отстои и потоа исплакнете со вода.
Вториот начин е да измешате две лажички бел оцет со малку млака вода, потопете крпа во подготвената смеса и на ист начин како и во првата постапка исчистете ја даската од двете страни. Исто така, оставете да отстои пред да ја исплакнете даската.
Важно е да се знае веднаш по употребата да ја исчистите даската за сечење. Тоа е и превенција даската да не впива разни сокови и со таа превентивна мерка сте заштитени од бактерии и валканост.Затоа, потребно е темелно да се исчистат даските, а ние ви откриваме начин на кој можете да го направите тоа.
Најпрво, да разјасниме дека д